Хронологија на земјотреси во Иран
Бројот на загинати во земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала, што синоќа го погоди реонот на иранско-ирачката граница, во иранската провинција Керманшах се искачи на 407 лица, а повредени се приближно 6.700 луѓе, соопштија иранските спасувачките служби.
Иран е едно од сеизмички најактивните подрачја во светот, бидејќи 90 проценти од државата лежи на пресекот на неколку тектонски плочи. Од 1900 година до денес во земјотресите во Иран загинале најмалку 126.000 луѓе.
16 април 2013 година регистриран е најсилниот земјотрес во Иран со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала. Потресот бил помеѓу Сараван и Хаш, во близина на границата со Пакистан, при што загинаа 35 луѓе, еден во Иран и 34 во Пакистан, а повредени беа 117.
26 декември 2003 година земјотрес со интензитет 6,6 степени ја погоди провинцијата Керман, при што беше разурнат градот Бам. Во земјотресот загинаа околу 35.000 луѓе, а над 30.000 беа повредени.
21 јуни 1990 година регистриран е земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтер во градовите Рудбар и Манџил, при што загинаа околу 43.000, повредени се околу 80.000 лица.
16 септември 1978 година земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Табас, при што загинаа приближно 20.000 луѓе. Осум проценти од вкупното население на Табас загина, а 85 села беа погодени од земјотресот, кој се почувствувал дури и во Техеран, кој од Табас е оддалечен 610 километри.
31 август 1968 година земјотрес со интензитет од 7,4 степени го погоди регионт Даште Бајаз при што загинаа околу 15.000 луѓе, а во вторичниот потрес на 1 септември, со интензитет од 6,4 степени го разурна градот Фердовс при што загинаа над 900 лице.
1 септември 1962 година земјотрес со интензитет 7,1 степени го погоди реонот на Буин Захра при што загинаа над 12.000 лице.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.