Македонија
22. December 2017 - 16:06

Христијан Мицкоски е единствениот кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски ќе биде единствениот кандидат за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. На вчерашната седница Цeнтралниот комитет на партијата бил информиран дека од две пристигнати кандидатури, комплетна е само онаа на 40 годишниот машински инженер и професор на машинскиот факултет во Скопје.

- Членовите на Централниот комитет беа информирани дека согласно Статутот на партијата, од двете пристигнати кандидатури, само еден кандидат за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ доставил целосна документација до Правната комисија при партијта. Втората кандидатура била нецелосна, односно со неа не е доставена листа на најмалку 30 потписи од делегати кои ја поддржуваат кандидатурата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Мицковски вчера рече дека е подготвен да застане на чело на најголемата опозициска партија и дека е време за нејзино обединување.

Во пресрет на Конгресот, дел од партиското членство побара негово одложување и промена во делегатскиот систем. Нивната иницијатива не ја доби поддршката од партиските тела.

За клучот од канцеларијата на Груески, на Мицкоски му треба поддршката на 273 делегати на гласањето во сабота. За Конгресот да може да одлучува, потребен му е кворум од 363 делегати. Доколку ја добие нивната доверба Мицкоски ќе биде третиот претседател во 27 годишната историја на ВМРО-ДПМНЕ на македонската политичка сцена. Од нив, 13 години со партијата владееше Љубчо Георгиевски од кои 4 помина на власта. Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ беше 14 години. Од нив, на власт помина 11.