Македонија
23. јуни 2017 - 14:09

Храброст: Диспечер на ЈСП си го спаси прометот од разбојник со пиштол, еве како

Вчера во 15.30 часот, од страна на диспечер од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), во Единицата за известување и командување Скопје било пријавено дека во билетара на ЈСП на ул. „Љубљанска“ во Карпош 4, во Скопје непознат сторител извршил разбојништво во обид.

Сторителот со закана со пиштол од вработениот побарал пари. Вработениот одбил да му даде пари и по радио врска побарал помош. 

Во тој момент сторителот побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.