Живот
20. January 2018 - 9:16

Храбар потег: Блогерка јавно покажала што му прави предменструалниот синдром на нејзиното тело

Предменструалниот синдром се појавува речиси кај сите жени, но во поголема или помала мера. Блогерката Малин Олофсон објавила неколку фотографии и ги споделила со нејзините следбеници на Инстаграм како нејзиното тело се менува за време на тие денови.
 
Предменструалниот синдром е поврзан со грчеви, мигрена, болки во грбот, потешкотии со циркулацијата, подуеност и зголемена телесна тежина. Бидејќи Малин ги има сите овие симптоми во екстремна форма, таа тоа го документираше со фотографии и ги сподели на социјалните мрежи.
На некои фотографии делува дека е трудна, но всушност нејзиниот стомак е само подуен.
 
“Некои од Вас ова веќе го имаат видено, но некои не. Некои ова го доживуваат секој месец. Другите се поштедени. Некои ова сега го гледаат како олеснување”, напишала и објаснала дека ова се визуелни знаци за ПМС.
 
“За некои е помалку екстремно, за некои повеќе. Вашиот стомак може да биде подуен и не треба да се срамите поради тоа, бидејќи Вашето тело не се чувствува добро бидејќи се бори со хормоните, а Вие внесувате повеќе вода во Вашиот организам. Да, непријатно е, но немојте да се уништувате себе си, сакајте се, сфатете дека Вие сте совршена и дека Вашето тело е совршено добро”. напишала Малина.