Бизнис
26. јуни 2017 - 19:42

Хотелиерите бараат регионот да направи заеднички буџет за промоција на Балканот

Балканот како дестинација располага со огромни туристички потенцијали.

Преку заеднички настап и промовирање како регионален бренд на светскиот пазар ќе се привлекуваат туристите.

Последниве неколку години балканските тури стануваат се попривлечни особено за посетителите од Далечниот исток.

Хотелиерите бараат сите држави заеднички да направат буџет за балканска понуда на светските саеми.

Инаку топлото време за продолжениот викенд го раздвижи Охрид, градот е препол со гости како од земјава така и од странство кои уживаат на плажите распослани долж Охридското езеро и во прошетките по чаршијата.