Бизнис
23. September 2016 - 19:52

Хотелиерите бараат нов систем за пријавување сезонски работници

Новиот модел за ангажирање на сезонски работници позитивно ќе влијае вра развојот на туризмот.

ХОТАМ се приклучи кон иницијативата на Организацијата на работодавачи на Македонија за измени и дополнување на законската регулатива со која што значително ќе се поедностави пријавувањето ќе се зголеми нивната социјална сигурност и ќе се елиминира плаќањето високи глоби за непријавените работници.

Пазарот на трудот се менува за разлика од минатото кога работодавачите на терет на големата работна сила ги злоупотребуваа работничките права или бараа многу повеќе од она што ќе платат моментално има недостаток и потребен е увоз на сезонски работници.

Од Организацијата на работодавачи на Македонија предлагаат и поефикасни законски решенија за намалување на повредите и несреќите на работните места како и измени во законот за трговски друштва со кои ќе се потикнат домашните инвестиции.