Македонија
27. February 2016 - 12:29

Хортикултурно уредување на булеварот „Александар Македонски“

Хортикултурно уредување на дел од булеварското зеленило на булеварот „Александар Македонски“ во следните неколку денови ќе извршат екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.

Како што соопшти Град Скопје, станува збор за површина која е лоцирана на булеварот „Александар Македонски“, во близина на седиштето на општина Гази Баба, односно гледајќи во правец на Автокоманда кон Чаир пред излезот кој води кон кружниот тек кај хотел „Континентал“.

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ хортикултурно ќе го уредат овој просторот со цветни аранжмани и мини четинари.