Свет
28. јуни 2017 - 9:06

Хорор: Воз излета од шините, најмалку 34 повредени

Најмалку 34 луѓе се повредени откако воз излета од шини во метрото во Њујорк, соопштија властите во градот.

Според нив, 34 луѓе се хоспитализирани, но ниту еден не е во критична состојба.

Евакуирани се три возови од подземната железница и патниците се на безбедно. На социјални мрежи се појавија фотографии на кои се гледаат хаотични сцени и чад.