Македонија
13. September 2017 - 13:09

Хорор во скопско: Мајката не им дала пари, па ги нашле синовите и ги избоделе

Во с.Батинци-скопско вчера околу 20,00 часот, М.Џ. од с.Батинци и Н.А. дошле во куќата на С.Г.(48) и со закана со нож и побарале пари.
 
Откако не им дала пари, заминале од куќата и околу 20,30 часот истите лица се сретнале со нејзините два сина Н.Г.(29) и С.Г.(28) и им побарале пари, по што со нож му нанеле убодна рана на С.Г. во пределот на грбот, а Н.Г. го расекле во пределот на лицето.
 
Повредените лица биле пренесени во Градската Општа Болница“ Св.Наум Охридски“. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.