Македонија
23. August 2017 - 12:47

Хорор во скопско Батинци: Камион прегази дете (10), се бори за живот

Вчера околу 16:10 часот во с.Батинци-скопско се случила сообраќајна незгода во којашто товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.Ј. (29) од с. Цветово-скопско, удрило во 10-годишно дете кое се здобило со тешки телесни повреди констатирани во Градската Општа Болница „Св.Наум Охридски“ и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.