Македонија
18. јуни 2017 - 12:52

Хорор во Скопје, се запали познат ресторан

Во ресторан на улицата „Павел Шатев“ во Скопје ноќеска избил пожар при што нема повредени лица, но е причинета материјална штета.

Полицијата денеска соопшти дека пожарот избувнал околу 02:15 часот во ресторанот на Г.И. од Скопје при што опожарени биле компјутер, фискална каса, шанк, фрижидер и други предмети.

Пожарот е локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита и се преземаат мерки за утврдување на причините.