Македонија
24. јуни 2017 - 13:48

Хорор во Скопје - Додека спиеле им влеге крадци - Еве што се случило

На 23.06.2017 година во 23.20 часот, Д.Ц. (71) од Скопје во Единицата за известување и командување пријавила дека двајца непознати сторители извршиле разбојничка кражба во обид во нејзиниот дом на булевар „Јане Сандански“. Додека Д.Ц. и нејзиниот сопруг спиеле, сторителите насилно влегле во домот, им се заканиле со пиштол и физички ги нападнале. Откако пријавителката почнала да вика, сторителите си заминале и не одзеле ништо.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.