Свет
19. July 2015 - 17:41

Хорор во САД: Петчлено семејство пронајдено мртво, три од жртвите се деца

Стефановиќ- не се подготуваат терористички напади во Србија 

Српската полиција нема сознанија за подготовки на терористички напади  на територијата на Србија, но секогаш постои причина за објективна загриженост. Ова на прес конфренеција во Белград го изјави  министерот   за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, по  информациите на весникот Информер дека џихадистите планираат напади во  Белград  за време на викендов. Исламска држава пред неколку дена се закани дека  Србија ќе биде  прва  на удар   од земјите од Западен Балкан.

Хорор во САД, Петчлено семејство пронајдено мртво, три од жртвите се деца  

Масакр го потресе американскиот град Модест.  Петлчено семејство е пронајдено  мртво во нивниот дом .  Осомничен е 30 годишниот Мартин Мартинес по кого полицијата трага.  Три од жртвите се деца. Масовното убиството го откриле  социјални  работници кои сакале да проверат  дали до семејството била доставена социјална помош.  Повеќе детали засега не познати.

Во Саудиска Арабија упасени над 400 лица за поврзаност со ИД

Најмалку 430 лица се уапсени во Саудиска Арабија , под сомение дека се припадници на џихадистичката организација Исламска држава. Властите соопштија дека уапсени планирале напади врз џамии , безедносните сили и дипломатските мисии. Неодамна терористичката група  Исламска држава  ги повика своите следбеници да организаираат напади во таа држава.