Македонија
21. January 2016 - 13:30

Хорор во Кичево: Малолетник рани бебе со пиштол

Вчера во 13 часот во Полициската станица во Кичево, доктор од Медицински Центар Кичево, пријавил дека било донесено едногодишно девојче со прострелна рана во пределот на десната натколеница, нанесена од огнено оружје. 

Од преземени мерки утврдено е дека истиот ден во 12.30 часот на ул. „Васил Главинов“ во Кичево, во семејната куќа на Р.М. седумнаесетгодишник со пиштол, сопственост на Н.М. кој го поседувал со дозвола, во еден момент испукал еден куршум, повредувајќи го детето во пределот на десната натколеница.

По укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, истата е пренесена во Ургентен Центар – Скопје. Извршен е увид на местото на настанот и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.