Балкан
27. July 2016 - 10:05

Хорор во болница: Албанец запалил пациент, тројца мртви

Ценај Лефтер (57) влетал во одделението за дијализа на една болница во Тирана каде што предизвикал пожар во обид да убие еден маж, но во пожарот загинале две жени – пациентки и самиот Ценај. Мажот кој бил мета на Ценај е Д. Сарачи (38) и уште се бори за живот, јавуваат медиумите.

Двете жени кои лежеле до креветот на кој бил Сарачи, подоцна се идентификувани како Саније Сулај и Хана мали. Двете имале по 55 години.

На снимката која се појави на интернет се гледа како Ценај во еден момент приоѓа на жртвата со шише бензин, го полева, но мажот успеал да го оттурне од себе пред да ја запали запалката. Потоа почнало се да гори.