Македонија
27. јуни 2017 - 12:48

Хорор во Богданци: Им го запалил возилото во дворот, пожарот ја зафатил и куќата

Минатата ноќ во Богданци, во дворот од куќата сопственост на Е.М. (33), непознат сторител со запалливо средство, најверојатно бензин, испрскал патничко возило „Рено Меган“ со гевгелиски регистарски ознаки, а потоа го запалил.
 
Возилото целосно изгорело, а од пожарот била зафатена и влезната врата од куќата на Е.М..
 
Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.