Македонија
25. July 2017 - 12:47

Хорор во Битола: 14- годишно дете распарано со нож, се трага по напаѓачот

Синоќа во 23.55 часот во СВР Битола било пријавено дека во Итна медицинска помош бил донесен 14-годишник кој бил повреден со нож во пределот на стомакот.

Се работи за телесна повреда во пределот над стомакот при што не биле повредени внатрешни органи.

Малолетникот бил задржан на понатамошно лекување. Момчето било прободено со нож од непознат сторител на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.