Фудбал
15. March 2018 - 15:08

Хорор во Барселона, полицијата тепаше деца: Навивачите од Челси во шок, деца со пендреци ги удираа по глава, нозе, грб

По натпреварот меѓу Барселона и Челси во Лигата на шампиони органите на редот жестоко ги нападнаа навивачите на англискиот тим додека го напуштале стадионот.

Според зборовите на навивичите на Челси, полицијата и редарите со палки ги нападнаа Англичаните додека мирно го напуштале стадионот. Навивачите на клубот од Лондон тврдат дека се било организирано,. Најлошо од се е што во масата имало многу деца, кои биле изложени на ќотек.

На социјалните мрежи се појави и видео и исповед на еден навивач на Челси кој бил жртва на инцидентот:

-Бев таму синоќа, беше ужасно. Од стартот беа агресивни. Толку редари и полиција не сум видел ниту на еден друг натпревар...Не прабаруваа агресивно, три пати жестоко ме фатија за задникот. Немаше присутни луѓе од Барселона. На излегување одевме мирно. Одеднаш поминаа покрај мене и ме турнаа... Момент подоцна ги извадија своите пендреци и палки и почнаа да не тепаат без размислување. Тоа беа само деца! Беше небитно дали некое дете ќе го удрат по глава. Застанав и се обидов да им го свртам вниманието дека има дете на земја. Типот ме погледна, па го погледна детето и ме удри по рака. Сега раката ми е отечена и трпам големи болки. Не ги провоцирав. Истиот тој тип се сврте кон мојот татко и го удри три пати по грб. Тоа беше организиран напад! Тие беа подготвени на тоа, беа вооружени со пали. Бесен сум поради се, па децата може да загинат тука. Ги удираа навивачите по грб и по нозе, а кога ќе паднеа на земја продолжуваа да ги удираат по глава. Одам на натпревари од мојата седма година, но вакво нешто се уште не сум видел. Ве молам, доколку можете, доставете го ова до УЕФА или до Барселона“.