Свет
23. October 2017 - 8:52

Хорор: Тинејџер со секира нападна неколку лица во Швајцарија

Еден 17-годишник вооружен со секира синоќа нападна неколку лица на бензиска станица во местото Флимс во кантонот Сент Гален во североисточниот дел на Швајцарија, соопшти швајцарската полиција.

Во полициското соопштение се посочува дека напаѓачот е уапсен, без да се наведе колку лица биле нападнати и какова е нивната здравствена состојба.

Напаѓачот е од летонска националност, кој, според полицијата, нападот го извел сам и нема индиции дека бил поврзан со некои екстремистички групи.  

Мотивите за нападот засега не се познати.