Свет
30. August 2016 - 22:02

Хорор: Се запали облакодер, 13 луѓе повредени

Најмалку 13 луѓе се повредени денеска во пожар, кој изби во еден облакодер во градба во центарот на Абу Даби.

Десетмина од повредените се припадници на пожарникарските и други спасувачки служби.

Повеќе од два часа пожарникарите, во придружба на хеликоптери, се обидувале да го изгаснат пожарот во облакодерот висок 28 спратови, тврадат очевидци.

Од зградата биле евакуирани градежните работници, како и гостите и персоналот во соседниот луксузен хотел, кои немале посериозни повреди.