Бизарно но вистинито
3. September 2017 - 10:52

Хорор: Пијано момче ја убило својата мајка и и го јадел срцето зошто не му дала да јаде

Сунил Кучаркуни наводно пијан отишол во куќата на своите соседи и барал да му дадат нешто да јаде. Тие не му дале храна, па одлучил да побара од својата стара мајка. Кога го видела така пијан, мајката одбила да му спреми нешто за јадење, а неговиот бес бил толку голем што извадил нож и и го зарил во срцето.

Според зборовите на полицајците кои дошле  на местото на злосторството, синот на мајката со нож и го извадил срцето и го јадел со бибер и чили.

Убиецот го нашле како излегува од куќата целиот во крв.

Тој е оженет и има три деца, а со семејството живее во Мумбаи.