Свет
20. January 2017 - 8:57

Хорор на улица: Стисна гас и газеше пешаци, меѓу жртвите и бебе

Три лица загинаа, а најмалку 20 се повредени откако маж намерно се удрил со автомобилот во прометна пешачка зона во центарот на Мелбурн.

Настанот се случил на улицата „Бурк стрит“ што е наменета само за пешаци. 

Лицето кои го извршило нападот со црвен автомбил веднаш било уапсено.

Според очевидците, при апсењето на напаѓачот, тој отворил оган врз полицијата. 

Случајот не е поврзан со тероризам, соопшти локалната полиција.