Свет
23. July 2017 - 12:34

Хорор: На паркинг во приколка на трактор пронајдени осум тела

На паркинг во градот Сан Антонио во американската сојузна држава Тексас во приколка на трактор пронајдени се осум тела.

Властите се сомневаат дека станува збор за трговија со луѓе.

Шефот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус и командантот на пожарникарите Чарлс Худ изјавија дека во приколката пронајдени се и 28 повредени лица, од кои 20 се во тешка здравствена состојба.

Сите повредени се хоспитализирани во седум локални болници.