Балкан
26. March 2017 - 9:32

Хорор на местото на злосторството: Оставил колец покрај спомен плочата на Јелена

Дрвена палка налик на глогов колец осамна вчера наслонета на мермерното одбележје на местото каде минатата година беше пронајдена ѕверски убиената Јелена Марјановиќ.

Глетката која ја затекнаа мештаните им ја заледи крвта во жилите, а по населбата се пренесе веста дека убиецот се вратил на местото на злосторството и оставил оружје.

Според народното верување дрвениот колец претставува предупредување дека ќе има уште жртви или дека душата на умрениот уште не се смирила, објави српски Курир.