Свет
24. March 2018 - 14:50

Хорор: Маж крвнички ја камшикувал сопругата пред целото село, а кога се онесвестила тие се обиделе да ја силуваат

Маж кој ја обвинил сопругата дека го измамила, крвнички ја претепал како казна, по што несреќната девојка се онесвестила пред масата луѓе кои потоа се обиделе да ја силуваат.

Ужасниот инцидент се случил на северот од Индија.

На снимката која се појави на интернер се гледа како преплашената жена, со врзани раце виси на дрво, а може да се слуша како вреска и вреска додека мажот ја удира.

Групата мажи и деца стоеле во круг околу неа и го гледале мачењето, се додека не паднала во несвест од ударите.

Но нејзиното страдање тука не завршило. Како што пишуваат тамошните медиуми, мештаните тогаш почнале сексуално да ја напаѓаат и се обиделе да ја силуваат.

Кога се освестила ја предупредиле ништо да не зборува во полиција, а потоа се разбегале.

Дивјачкото казнување следело откако неофицијалниот локален суд ја прогласил за виновна дека побегнала со своето момче. Според наводите на полицијата жената побегнала со љубовникот.

Меѓутоа на 10 март нејзиниот маж испратил луѓе да ја убедат да се врати дома, кои и рекле дека се ќе и прости и ќе заборави на минатото. Но кога се вратила, судот сочинет од постари мештани од селото бил решен да и одреди казна и одлучи дека мажот мора да ја удира 100 пати со ремен.

Несреќната жена била тешко повредена и му поднела тужба на мажот.