-->
-->
Хорор: Мајка го убила своето петгодишно дете
-->
Жена на возраст од 25 години е уапсена денеска во Виена под сомнение дека го убила своето 5-годишно синче во нивниот стан во виенската општина Фаворитен.
Жената синоќа сама се пријавила во полиција и го признала злосторството по што полицијата извршила претрес на нејзиниот стан и на креветот под ќебе го пронашла безживотното тело на детето.
Убиството се случило пред неколку дена, а точната причина за смртта ќе се утврди со обдукција.
Медиумите објавија дека се работи за самохрана мајка по потекло од Босна, која во Виена живеела сама со синот додека таткото останал во Босна.
Полицијата исто така го истражува и мотивот за злосторството како и психолошката состојба на младата мајка.
Одредено време пиела и силни лекарства, соопштија од полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто