Балкан
17. March 2017 - 14:16

Хорор: Голо женско тело пронајдено покрај река, истрагата во тек

Во реката Моравица кај Ивањички гробишта е пронајден женски труп.

Според неофицијалните информации станува збор за средовечна жена. Телото е пронајдено голо, без никаква облека на себе.

Полицијата проверува дали станува збор за некое од пријавените исчезнати лица.