Балкан
29. April 2017 - 12:54

Хорор го потресе регионот: Монструм силувал девет малолетнички

 
 
Хорор ја потресе Србија, насилник силувал девет малолетни девојчиња. Се работи за 29-годишниот Ервин Енги кој во Суботица силувал девет малолетнички, а за делото кое го направил добил четири ипол години затворска казна.
 
Тој ги пресретнувал девојчињата на улица, барал да му помогнат, па ги силувал. Додека тие го држеле неговиот велосипед, тој се соблекувал и почнувал да им се заканува.
 
Тој и порано бил осудуван за силување.