Балкан
11. January 2017 - 8:47

Хорор: Автобус полн со патници удри во куќата на Цеца на Дедиње

Снежните врнежи и лизгавите улици направија хаос во улицата „Љутица Богдан“, поточно пред куќата на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Автобус од приватен превозник удри во нејзината куќа.

Вистинска драма се одиграла кога возачот изгубил контрола врз возилата и удрил во вилата на фолк пејачката.

Еден столб од куќата е срушен, а причинета е голема штета како врз возилото така и врз куќата на познатата пејачка.

Автобус полн со патници запрел на блискиот паркинг, а на самото место стигнала брзата помош и полицијата.

Двајца патници се полесно повредени, а во семејната куќа на Ражнатовиќ сите се вознемирени, но веднаш истрчале за да им помогнат на луѓето на кои им била потребна помош.