Тенис
2. January 2018 - 16:48

Хопман куп: Победа за Федерер

Роже Федерер забележа победа на Хомпан купот кој се игра во Перт Австралија и тоа против рускиот тенисер Карен Хачанов совладувајќи го во два сета со 6-3 и 7-6.

Мечот се одигра пред рекордни 14 000 гледачи. 
Вториот поен за Швајцарија на купот го обезбеди Белинда Бенчиќ која во три сета со  6:1, 3:6, 6:3 ја совлада Анастасија Павличенко.Ова е втора победа за Швајцарија во Б-групата во која претходно САД славеа над Јапонија со 2-1. 
Во А- групата во среда играат Канада- Германија и Австралија - Белгија.  Австралија во првото коло ја совлада Канада додека Германија беше подобра од Белгија.