Тенис
4. January 2017 - 13:30

Хопман куп: Федерер загуби од Зверев

Роже Федерер загуби со 2-1 на Хопман купот во Перт од Александар Зверев со што Германија поведе со 1-0 против Швајцарија во дуелот на мешани селекции.

Мечот го одбележаа трите тај-брејка од кој првиот му припадна на искусниот Швајцарец па на крајот резултатот гласеше 7:6 (7-1), 6:7 (4-7), 7:6 (7-4).