Џет-Сет
19. November 2017 - 21:20

Холивуд се тресе: Разоткриени нови случаи на сексуално вознемирување

Полицијата во Лос Анџелес води истрага за дваесетина случаи во врска со наводно сексуално вознемирување на повеќе луѓе ангажирани во индустријата за забава во Холивуд.

Висок неименуван претставник на полицијата за Ен Би СИ Њуз изјавил дека овие случаи опфаќаат поединци познати на јавноста, но и некои кои се уште не се идентификувани.

Обвинувањата се движат од телесни повреди до силувања, а во многу случаи повеќе лица се жалеле на иста личност.

Полицискиот претставник истакнал дека пристигнуваат се повеќе пријави и затоа бројот на истраги ќе се зголеми.