Џет-Сет
2. March 2016 - 16:40

Холивуд одби да ѝ аплаудира на оваа жена, а причината е ..

Имал ли поголем срам за сите тие големи холивудски фаци? Не ѝ аплаудирале на оваа генијална жена, а причината е премногу срамна.

Каков срам! Некои од најголемите холивудски лица на денишницата одбиле на Оскарите да и аплаудираат на добитничката на Оскар за костимографија.

Џени Беаван е името кое се крие зад генијалните костими во "Mad Max: Fury Road", но никој не се сетил да ѝ аплаудира кога Кејт Бланшет ја повикала да ја преземе наградата. Една од теориите за тоа зошто Џени не добила аплауз, е дека не го почитувала дрес кодот.

Имено, на Оскарите таа дошла облечена во кожна јакна и шал. Повеќето ја набљудувале со осудување, иако за облека и костимографија знае повеќе сите нив заедно. 

Британката изјавила дека се чувствува убаво, и дека според своите критериуми е дури и прилично средена. За Беаван ова инаку не е прв пат да освои Оскар.