Loading Video...
Ракомет
17. December 2017 - 17:18

Холанѓанките ја освоија бронзата на СП за ракометарки

Ракометарките на Холандија го освоија бронзениот медал на Светското првенство што се одржува во Германија. 

Во „малото финале“ односно дуелот за третото место одигран попладнево, холандските ракометарки ја совладаа селекцијата на Шведска со 24:21. 

Најголемиот дел од работата Холанѓанките ја завршија во првиот дел кој го добија со шест гола разлика (14:8), па во второто полувреме рутинирано ја сочуваа предноста. 

Лоис Абинг со 8 голови беше најефикасната во победничката селекција на Холандија, за која ова е втор медал на Мундијалите по среброто освоено пред две години во Данска, а воедно и трет медал во низа на големите натпреварувања, бидејќи и лани на Европскиот шампионат во Шведска, селекцијата на Холандија освои сребро. 

Кој пак ќе го освои златото ќе дознаеме вечерва по финалниот меч меѓу актуелниот светски и европски шампион Норвешка и селекцијата на Франција, дуел чиј почеток е закажан за 17 часот и 30 минути.