Ф1
23. December 2016 - 9:44

Холанѓаните го прогласија Ферстапен за најдобар спортист

Најмладиот победник во историјата на Ф-1, Макс Ферстапен е прогласен за спортист на Холандија за 2016 година. 

Ферстапен започна со Торо Росо а потоа прејде во Ред Бул и успеа да ја заврши годината со 6 победи.

Тој ги победи олимпискиот шампион во сурфање, Доријан ван Ријселберге, олимпискиот шампион во маратонско пливање, Фери Вертман, велосипедистот Том Думулин и лизгачот Свен Крамер. Номинациите беа од експерти, додека гласаа другите спортисти кои беа номинирани.

Најдобра спортистка на Холандија е гимнастичарката Сане Веверс.