Loading Video...
Балкан
30. November 2017 - 16:38

Холандското јавно обвинителство ја истражува смртта на Слободан Праљак

Холандското јавно обвинителство  ја истражува смртта на  хашкиот осуденик Слободан Праљак.

Истрагата  ќе се фокусира на отровот кој екс генералот на босанските хрвати го испи вчера во  судницата откако му беше потврдена пресудата од 20 години затвор за сторени воени злосторства во БиХ во 1993 година.

Истражителите треба да откријат како Праљак стигнал до супстанцата, за каква супстанца се работи  и како успеал да ја прошверцува во сдуницата  низ неколку безбедносни проверки.