Бизнис
27. May 2016 - 20:14

Холандските туристи ќе бидат најбројни во Охрид - Годишно се очекуваат по 25.000

Потпишани нови тригодишни договори помеѓу Корендон Холандија  ,Фибула травел и хотелиерите од охридско –струшката ривиера.Македонија за холанѓаните е интересна балканска  туристичка дестинација така што во наредниот период на брегот на езерото ќе одмараат нови 25 илјади туристи.

Во Холандија изминативе денови беа презентирани македонските туристички капацитети но и специјалитетите на традиционалната кујна и најпознатите вина.

Во изминатите 5 години на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле пристигнале над 150 илјади холандски туристи.