Холандскиот крал криел голема тајна: Има двоен живот, а јавноста не знае ништо за тоа…
Холандскиот крал Вилијам Александар без оглед на тоа успеал да живее некој свој поинаков живот. Иако пред четири години ја наследил круната од својата мајка, кралицата Беатрикс, тој веќе со години работи како пилот и тоа вешто го сокривал од јавноста.
„Чувството е фантастично. Ова лето ќе учам да управувам со Боинг 737“ изјави педесетгодишниот крал. Најмалку два пати месечно е во кокпитот на авионите на авиокомпанијата „KLM” и тоа главно лета за Германија, Велика Британија и Норвешка. Неколку пати управувал и со службените владини авиони.
Патниците ниту еднаш досега не го препознале во униформа. Имало и такви кои би му го препознале гласот, но никогаш не се претставувал. Како што самиот изјавува летањето го опушта. Тој не е единствениот крал кој управува со авиони, но е единствениот кој работи за некоја авиокомпанија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација