Свет
10. February 2017 - 12:52

Холандската полиција заплени суровини за изработка на екстази

Холандска полициска патрола во камион близу границата со Белгија откри супстанци, чие количество е доволно за изработка на милијарда таблети екстази.

Запленетата стока се стоела од 100 канистери водород, 15 тони натриум хидроксид и 3.000 литри други хемикалии, кои сами по себе вредат неколку стотици илјади евра, објавија локалните полициски власти на официјалниот Твитер налог.

Камионот е запрен во селото Риланд во покраината Зеланд, 80 километри јужно од Ротердам и 40 километри северно од Антверпен.