Ракомет
13. December 2017 - 20:35

Холандија трет полуфиналист на СП за ракометарки

 
 
Репрезентацијата на Холандија е третиот полуфиналист на Светското првенство за ракометарки што се одржува во Германија. 
 
Предводени од Лоис Абинг коај постигна 14 голови, ракометарките на Холандија забележаа заслужена победа над Чешка со 30-26 полувреме 17-16, во четвртфиналниот меч одигран попладнево. 
 
Кој ќе биде противник на Холандија, водедно и последен полуфиналист на Мундијалот ќе биде познато вечерва по одигрувањето на мечот меѓу бранителот на титулата Норвешка и селекцијата на Русија. 
 
Потсетување дека првиот полуфинален пар го сочинуваат селекциите на Франција и Шведска кои дуелот за влез во големото финале ќе го играат во петок (15 декември) во терминот од 17:30 часот.