Свет
29. January 2016 - 17:48

Холандија ќе бомбардира цели на Исламска држава во Сирија

Холандската Влада се согласи да ја прошири улогата на Холандија во коалицијата предводена од САД против Исламска држава, и ќе се вклучи во бомбардирањето на цели на ИД во Сирија.

Холандија на Блискиот Исток има ескадрила од шест бомбардери Ф-16, кои нанесуваат удари врз позиции на ИД во Ирак.

Холандските воени авиони ќе бомбардираат цели на ИД во Источна Сирија.