Македонија
23. July 2017 - 16:09

Хојт Ји најавува зголемен ангажман на САД на Балканот

САД ќе останат силно ангажирани во земјите на Запададниот Балкан, за да ги заштитат од негативните влијанија на Русија,  изјави за Војс оф Америка американскиот заменик државен секретар, Хојт Брајан Ји.

Ваквата порака доаѓа  десетина дена пред посетата на потпрестеадтелот Мајк Пенс на Подгорица каде тој во рамкиоте на самиотот на Јадранската повелба ќе се сретне со лидерите од регионот.  Со Москва ке  соработуваме кога станува збор за заеднички интерси како што е борбата против тероризмот, но не и е кога Русија и САД имаат спротивни интерси. Токму тоа го правиме во моментов, порача Хојт Ји. Американскиот дипломат  како пример за руското влијан ие на Балканот ја посочи Црна Гора каде во предизборитето  имаше обид за државен удар и атентат врз премиеот Мило Ѓукановиќ.

Ако Русија е подготвена, а на тоа укажуваат фактите, не само да се меша во изборите туку  и да соборува демократски избрани влади, и тоа во  држава која самошто влезе во НАТО, тогаш и другите балкански држави би требало  многу  да се претпазливи, порача Ји.

Американскиот дипломат неодамана и пред американскиот сенат дискутрирал за ширењето на влијанијата на Москва на Балканот. Како пример тој го посочил рускиот хуманитарен центар за справување со вонредни сосотојби лоциран во Ниш.

Според американските разузнавачки служби се работи за прикриена руска воена и шпиоснка  база која таму функциионира уште од 2012 година   Наводниот руски  центар е стациониран  во близина на нишкиот аеродром и се наога на  само  150 километри од мировните сили на НАТО  Косово во која се наогаат  600 американски војници.

Во интервјуто за Војс оф Америка Хојт Ји вели дека ваквите активности на  Москва покажуваат  дека  Русија  не сака да го види Балканот во евроатлантските структури. Според него евроинтеграцијата и реформите кои тој процес ги носи со себе, ке помогнат земјите на западниот балкан да ги зацжврснат своите демократжии и така да станат поотпорни кон тугите влијанија и мешања во нивните внатрешни работи.