Македонија
26. April 2017 - 9:33

Хојт Ји на 1 мај во Скопје

Заменик помошникот државен секретар на американскиот Стејт департментот за Евопа, Хојт Брајан Ли на 1 мај ќе ја посети Република Македонија, соопштија од Американската амбасада во Скопје.

-  Заменик-помошникот Ји на 1мај ќе допатува во Македонија каде на средби со политичките лидери ќе разговара за статусот на формирањето на влада, за билатералните односи и за потребните реформи во процесот на евроатлантските интеграции, се наведува во соопштението.

Американскиот Стејт департмент минатата недела изрази загриженоста за состојбата во Македонија и побара фомирање влада без одлагање со цел земјата да продолжи со реформите на патот кон евроатлантските интеграции.