Балкан
14. March 2018 - 18:51

Хоџај: Немаме доволно гласови за демаркацијата, ја замолувам „Српска листа“ да гласа

Косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, од собраниската говорница, призна дека владата го нема потребното мнозинство за ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и додаде дека „ќе ја замоли Српска листа  да гласа за договорот“.

Посочи дека Договорот треба да се изгласа во парламентот и оцени дека договорот е технички,но оти се претворил во една голема политичка кауза.

- За мене демаркацијата е техничка тема и одамна сметам дека не е политичка тема. Ја претворивме во голема политичка кауза и го немаме потребниот број гласови да ја затвориме оваа тема по два дена, затоа мораме да ја молиме Српска листа. Јас ќе ја замолам Српска листа да гласа, рече Хоџај во Собранието,пренесува" Газета експрес".

За него дијалогот е итна тема, бидејќи,како што рече, тоа има врска со друга итност бидејќи на 22-23 март ќе се состане Европскиот самит и се чини дека за да се запази овој рок договорот треба да се изгласа.

„Српска листа“ доцна синоќа потврди дека не го менува веќе кажаниот став а тоа значи дека нејзините десет пратеници во косовскиот парламент нема да го гласаат договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

-Српска листа нема да гласа за демаркацијата независно од лажните и тенденциозни изјави кои се пласираат на медумите на албански а кои се цитраат и од српските медуми, изјави синоќа Игор Симиќ,пратеник и одговорен,во партијата, за комункации со медиумите

Изјавата на Симиќ следуваше по веста на медиумите дека „Српска листа“ ќе гласа за ратификација на договорот, но оти за тоа има неколку услови.