Балкан
13. November 2017 - 15:48

Хоџај: Дијалогот меѓу Белград и Приштина не може да трае бесконечно

Дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да има краен рок, наместо да се трае „засекогаш“, изјави косовскиот заменик-премиер Енвер Хоџај, додавајќи дека резултатот од овие преговори би требало да биде „членство на Косово во ОН и меѓународно признавање“. 

Хоџај смета дека во дијалогот, покрај косовската Влада, треба да учествуваат и Парламентот и претседателот на Косово. 

Тој потсети дека крајнот рок за преговорите го побарал уште пред три години. 

- Европската унија треба да изврши многу поголем притисок врз Србија, со цел дијалогот да може да го одржи својот кредибилитет. Страните можат да го бранат меѓународниот престиж, доколку преминеме во крајната фаза, која би требало да заврши на мирен начин - со членство на Косово во ОН и меѓународно признавање, нагласи косовскиот заменик-премиер. 

Во меѓу време, пратеникот на партијата Српската листа во косовскиот Парламент, Игор Симиќ најави дека наскоро на дневен ред же се најде и формирањето на Заедницата на српските општини, која е една од обврските на Косово произлезена од дијалогот меѓу Белград и Приштина. 

Тој истакна дека внатрешниот дијалог во Србија за Косово е добра можност сите да ги искажат своите позиции. 

Претставници на Српска листа е дел од делегацијата на Белград во преговорите со Приштина. 

Симиќ нагласи и дека неговата партија никогаш нема да ги поддржи измените на косовскиот Устав, кои се неопходни за формирање на косовска војска.