Џет-Сет
9. February 2016 - 9:04

Хју Џекман по пети пат се бори со рак на кожата

Заштитата од Сонцето и УВ зраците сериозно мора да се практикува, а пример за тоа колку се тие навистина штетни е Хју Џекмен. 

Имено, глумецот објави фотографија на Инстаграм на која има фластер на својот нос. 

- Пример за она што се случува кога не носите крема за заштита од Сонце. Најблаг облик на ракот, но сеедно сериозен. Ве молам секогаш да носите заштитна крема и редовно да одите на контрола, предупреди Џекман, откако го отстрани ракот од својот нос. 

Ако некој знае за што зборува, тоа е сигурно тој. Од 2013 година отстранети му се четири меланоми од кожата - три на носот и еден на рамото.

Минатата година призна дека за време на растењето во Австралија никогаш не внимавал на заштитата од Сонцето и не знаел колку е навистина штетно. 

Глумецот покрена и своја линија на креми за сончање со цел да ги освести децата уште од рана возраст за важноста на грижата за здравјето на нивната кожа.