Живот
17. May 2016 - 15:42

Хит во регионот: Македонец тегне кори за бурек со еурокрем и плазма

Заборавете на традиционалниот бурек со месо, сирење или пица-бурек. Во Белград во моментов хит е бурек со еурокрем и плазма.

Тој оди како алва и во некои бурекчилници дневно продаваат и по 15 тепсии. Четвртина од овој вид бурек чини 60 динари, односно околу половина евро.

Газдарицата Мара (27) за новинарите на „Блиц“ раскажува дека сакала да внесе промени во својата пекара. Така и стигнала до идеата за слаткиот бурек, кој вели про го купувале само љубопитните тинејџери, но сега е баран од сите генерации.

mara-prodavac

Продавачите велат дека купувачите најпрво се збунети од тоа што го гледаат, но се решаваат да купат и да пробаат поради различноста на вкусовите и мешавината од благо и солено.

Специјалитетот го подготвува бурек-мајстор од Македонија, кој работи целосно рачно – од месење, до развлекување на корите. Бурекот се прави без никакви адитиви.