Македонија
18. јуни 2017 - 21:10

ХИТ ВИДЕО: Скопјани среде улица се пресметаа кој има предност во гужвата

Улиците на Скопје честопати се преполни и воопшто не може да се вози по одредени булевари. Особено во периодот од 13 до 17 часот колоните возила се најчеста глетка. Тоа најмногу ги погодува возачите кои едноставно мора да се борат и со оние кои сакаат преку ред за побрзо да ги престигнат или да се вклучат во колоната. Кулминација на ваквата состојба е оваа тепачка која се случи на улиците на Скопје во која учествуваа две возила и нивните патници.