Македонија
20. July 2017 - 10:50

Хит на интернет: Скопски пензионер јаде манџа во градски автобус и мака нема

Скопски пензионер е снимен како јаде сарма или некаква манџа во автобус на ЈСП со број 57. 

Имено, пензионерот се качил на  горниот кат од 57-цата и мирно си јаде додека се вози кон Тафталиџе. 

Видето кое е постирано на Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам предизвика бурни реакции кај корисниците и интересни коментари, пред се околу злоупотребата на бесплатното возење со градски автобус од страна на пензионерите во Скопје.

 

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК

Извор: Ѕид на сообраќајниот срам