Живот
24. August 2017 - 14:11

Хит на интернет: Прашала кој вид на змија е на фотографијата, но сите гледаа во растението во саксијата

Една млада девојка поставила фотографија на социјалните мрежи и станала хит на интернет.

Девојката која ја поставила фотографијата намерно или не прашала дали некој знае од кој вид е змијата на фотографијата, а притоа не забележувајќи го растението во саксијата.

 

Дел од коментарите кои станаа хит на интернет се следниве:

-Се надевам дека нема полиција во групава, бидејќи оваа змија се сонча до саксија со марихуана.

-Вие овде се шегувате, а човеков не знае дали смее да пријде до саксијата.

-Ова е најдоброто обезбедување на саксијата.

-Чувар на куќата.

Но сепак имаше и коментари кои одговорија на прашањето на оваа девојка, а тоа е дека се работи за змија од видот звечарка.